26 Март е “Виолетов ден”, денот кога во светот преку виолетовата боја се изразува поддршка за луѓето со епилепсија.
“Виолетов ден” или “Purple day” е еден ден за поддршка за луѓето со епилепсија. Се одбележува на 26 март,секојагодина на сите континенти, во повеќе од сто земји во светот и е именуван за еден од највлијателните меѓународен денови за подигање на свеста за епилепсијата. Денот е основан во 2008 година по иницијативата на девојчето Cassidy Megan, нејзините родители и Здружението за епилепсија од Нова Шкотска во Канада. Поради чувството на осаменост и недоразбирање, Cassidy која тогаш била девет-годишно девојче со епилепсија, изразила желба сите да зборуваат за епилепсијата и да се покаже како луѓето со епилепсија не се разликуваат од другите луѓе. Поради тоа Cassidy одлучила да открие како таа во слободното време сака да игра во реклами и филмови, да играат надвор со пријателите, да се грижи за своите миленици и да го поминува времето со своето семејство. Во текот на изминатите години Cassidy се смешка со илјадници плакати и испраќа пораки „Сакам луѓето да знаат дека ако имаш епилепсија, не си сам“ . Стотици различни организации од различни земји во светот ја препознаа вредноста и значењето на пораката и се вклучија во одбележувањето на “Виолетов ден” . На 26 Март луѓето низ целиот свет носат виолетово за да ја изразат својата поддршка за луѓето со епилепсија, во многу училишта се одржуваат предавања, организирани концерти, танци, вечери, прошетки, трки и други спортски настани како и објекти се обележани со виолетова боја. Да се одбележи денот избрана е виолетовата боја, бојата на лаванда, што е меѓународна боја за епилепсија, но тоа, исто така, поврзана е со чувството на осаменост, кои често се јавува како резултат на општествена стигматизација и изолација на луѓето со епилепсија. Како посебна цел на настанот “, Виолетов ден”, Cassidy изјави дека треба да се промени начинот на прикажување на епилепсијата на телевизија, во книгите и другите медиуми, каде епилепсијата и животите на луѓето со епилепсија се прикажани на лош начин што уште повеќе ги усложнува напорите правилно да се едуцираат луѓето за епилепсијата и како да му се помогне на лице кое има епилептични напади. Подетални информации за досегашните и претстојните активности и настани се достапни на официјалната интернет страница на “Purple day” наwww.purpleday.org Македонија за прв пат во 2014 година за прв пат се вклучи во организирање на манифестацијата “Виолетов ден” акција на Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Република Македонија – ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА. Во 2014 година, беше организиран настан пред Спомен куќата на мајка Тереза во Скопје, а него му претходеше „Виолетов марш“, каде деца во виолетово, во знак на поддршка се упатија од детската клиника до Спомен куќата на мајка Тереза. Во 2015 година се прошири и се одбележа во Прилеп и во Скопје. А во 2016 година исто така беше одбележан во Прилеп и Скопје, со поддршка на Лигата против епилепсија на Македонија.Исто така во 2017 година, се одбележа Виолетоиот ден во Прилеп, Битола и Скопје Ве покануваме да ни се придружите и активно да учевствувате, облечени во виолетово, дома, на училиште или на работното место на 26 Март, следната година и да дадете поддршка на луѓето со епилепсија. |